Од Синдикатите истакнуваат дека праксата покажала дека работодавачите ги користат овие договори за манипулирање на работниците, намалување на нивните права од работен однос поради страв дека договорот нема да им биде продолжен и изрекување на откази на договорите за вработување без утврдување на реални причини за отказ, појаснувајќи дека вакви договори секаде во светот се исклучок, а не правило

Договорите на определено време да бидат со времетраење од најмногу една година и да се склучуваат под определени услови предвидени со закон, бара Сојузот на синдикати на Македонија.

„Работодавачите треба да знаат дека насекаде во светот договорите на определено време се исклучок, а не правило, тие се применуваат за привремени и повремени работни задачи во одредени услови утврдени со закон (замена на отсутен работник, зголемен обем на работа и сл.), како и за повремено извршување на  работи кои не е од основната дејност на компанијата“,

Посочуваат дека праксата покажала дека работодавачите ги користат овие договори за манипулирање на работниците, намалување на нивните права од работен однос поради страв дека договорот нема да им биде продолжен и изрекување на откази на договорите за вработување без утврдување на реални причини за отказ.

„Пратениците треба да се охрабрат и да прифатат предлог кој значи намалување на траењето на договорите за вработување на определено време на една година или на шест месеци како што е предлогот во Собранието и да придонесат за елиминација на злоупотребите кои ги праватработодавачите со ваквите договори за вработување на определено време кои во време на криза беа најмногу користени за губење на работните места“,