Наместо првомајски марш Сојузот на синдикатите ќе организира масовен протест во знак на револт поради незголемувањето на другите плати со порастот на минималната плата. Бараат платите линеарно да се зголемат од 2.806 денари.

Ова го најави претседателот на ССМ Дарко Димовски кој ги повика сите конфедерации, унии, синдикати, незадоволни работници да се придружат на протестот.