Работниците на втори април  ќе излезат на улица, со цел да и укажат на владата дека не може да се одлучува еднострано кога станува збор за платите на работниците. Тие ќе одржат јавна седница пред Собранието, Стопанска комора и Владата со почеток во 12 часот и пет минути имајќи во предвид како што велат 5 до 12 одамна помилано, а 12 часот поминал тогаш кога владата одлучила еднострано да ја зголеми минималната плата.

„ССМ нема да дозволи како што не дозволи во минатото кога се обидуваа да стават функцонерска чизма на вратот наш и на работницните, нема да дозволи ниту сега, некој да стави функцонерска чизма на вратот и на работничката мака. Од нашата пот е вашиот луксуз, не може да се одлучува за нас, без нас. А, на втори април имајќи во предивд дека ќе имаме јавна седница на која ќе одлучуваме и пред Собранието, пред Стопанската комора, пред Владата да побараме од пратениците да го изменат законот за минимална плата да утврдат износ на минилана плата во висина од 500евра или во висина од 30 илјади денари со што ќе направат задолжителна обврска за зголемување на сите плати во државата“, рече Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

ОД СДСМ вчера ја обвинија владата дека одлуката за минималната плата е срамна и како  што велат „папаја за Владата, трошки за народот“. Тие посочија дека граѓаните секојдневно се борат да преживеат, со високи цени, високи сметки, а со мизерни плати. Од владата сметаат дека одлуката е легитимна.