Kога се во прашање Европските фондови и апликациите за проекти, не е доволно само да имате добра идеја. Без јасни цели и детален план, реализацијата останува само идеја. За да добиете поддршка, финансиска и логистичка, неопходно е вашата идеја да ја преточите во предлог проект со прецизно дефинирани цели, активности и добро испланиран буџет и останати ресурси во идните месеци за кога е предвиден проектот да се реализира.

Неповратни средства, грантови! Аплицирањето за средства од е сложен процес, но постапките една по една се едноставни. Финансиските средства се доделуваат само на професионално напишани предлог проекти кои ги задоволувуваат бројните услови и највисоките ЕУ стандарди.

Бројот на апликанти во регионот, за ЕУ Фондовите постојано расте. Сепак, многу малку луѓе знаат да напишат квалитетен предлог проект. Затоа треба да ја искористите трени/ обуката за пишување проекти за ЕУ фондови и да станете еден од најбараните и добро платени стручни менаџери за ЕУ фондови.

Во текот на обуката, учесниците ќе бидат усмерени сами да научат да ги дефинираат и развиваат проектните идеи од областа која ќе ја одберат. Голем дел од обуката ќе се заоснова на решавање на конкретни проблеми и примери со кои учесниците ќе се сретнат во иднина. Темпото и динамиката на обуката ќе бидат прилагодени на вашите можности и барања.

Методологијата на настава е 100 проценти заоснована на практична работа, со водство на стручен предавач кој зад себе има низа успешно напишани и реализирани проекти. На крајот од обуката, ќе бидете задоволни од стекнатото знаење, како и можноста на негова примена во пракса.

Откога ќе научите правилно и успешно да напишете предлог проект за добивање на ЕУ неповратни финансиски средства, ќе ви се отворат бројни можности за постојан или хонорарен ангажман.

Во Македонија има голем потенцијал кај многу здруженија, мали и средни претпријатија како и локалната самоуправа кои можат да конкурираат за добивање на ЕУ средства од фондовите. На сите им се потребни луѓе кои ќе знаат, во нивно име и во име на нивните потреби, да напишат успешен предлог проект за добивање на финансии од различните ЕУ фондови. За таа работа може да заработите и до 150 евра дневно.

Доколку сакате да се пријавите на тренинг/обука и да станете сертифициран менаџер за Еу фондови, повеќе информации може да дознаете на слениов линк.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Македонија Денес