Поради промена во регулативата, стапи на сила новиот начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата на Народна Банка на Северна Република Македонија и истата важи од 01.01.2024 година.
Промените во новата регулативa се одразуваат на третманот на клиентите кои користат повеќе различни кредитни продукти. Пред овие измени, уредноста на отплатата кај еден клиент се следеше одделно, по користен продукт. Со измената, ќе се следи вкупниот износ односно збир на кредитна изложеност од сите користени кредитни продукти на клиентот во Банката.
Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност се смета доспеан долг повеќе од 90 дена во континуитет, при што вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 6.000 денари кај физичките лица и да надминува 1% од целокупната искористена кредитна изложеност во Банката.
Доколку имате нефункционална кредитна изложеност на еден кредитен продукт, ќе значи дека имате нефункционална кредитна изложеност на сите кредитни продукти во Банката. Исто така, доколку Вашата изложеност премине во нефункционална, и изложеностите на кокредитобарателите кои се поврзани со Вашата кредитна изложеност ќе преминат во нефункционални кредитни изложености. Истото важи и доколку вие сте кокредитобарател на нефункционална кредитна излиоженост, Вашата изложеност ќе се смета за нефункционална, без оглед на тоа што вие си ги подмирувате своите обврски на време.