„Итна сопирачка“ за увоз на украински мед во ЕУ стапува во сила од 21 август годинава и ќе трае до 5 јуни 2025 година, соопштија од Европската комисија (ЕК) на својата официјална страница, цитирана од БТА.

Ревидираните мерки за автономна трговија, кои важат од 6 јуни 2024 година, вклучуваат „итна сопирачка“ за седум земјоделски производи – јајца, живина, шеќер, овес, пченка, житарки и мед. Таа  се активира автоматски ако обемот на увозот го достигне просечниот годишен увоз забележан помеѓу 1 јули 2021 година и 31 декември 2023 година, пренесува „24Часа.бг“. За медот оваа просечна вредност е 44.417,56 тони.

Бидејќи увозот на мед од Украина од почетокот на 2024 година е веќе завршен, дополнителниот увоз ќе биде предмет на посебна контрола. Од 1 јануари до 5 јуни 2025 година, воведена е нова тарифна квота што одговара на 5/12 од прагот утврден за активирање на сопирачката за итни случаи. За медот, обемот на оваа нова квота е утврден на 18.507,32 тони. Увозот на украински мед во ЕУ е релативно стабилен во последните пет години, во просек околу 49.000 тони годишно. И покрај протестите на производителите, Унгарија нема да забрани увоз на украински мед.