Стапката на невработеност во третото тримесечје од 2024 година е 12.3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, активното население во Република Северна Македонија е 796 733 лица, од кои вработени се 698 411, а 98 322 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.6, стапката на вработеност 46.1, додека стапката на невработеност е 12.3.
Извор: Државен завод за статистика