Невработеноста во Македонија е намалена на 12,9 отсто во првиот квартал, објави Државниот завод за статистика.
„Според објавените податоци, во овој период како активно население се евидентирани 788.909 лица, од кои 687.351 се вработени, додека 101.558 се невработени“, соопшти ДЗС
Споредено со лани, посочуваат од ЕСХС, стапката на невработеност е нешто под 13 проценти.
Бројот на активното работоспособно население во Македонија е 791.647 лица, од кои 688.296 се вработени, додека 103.351 се невработени.