“Старбакс” ќе ги поттикне клиентите на аеродромите да земаат чаша за повеќекратна употреба, која потоа може да ја остават пред да се качат на нивниот лет и истата да биде повторно искористена.
Кафе-гигантот вели дека шемата ќе помогне да се намали отпадот и да се справат со културата на константно фрлање пластика. Пробниот процес ќе започне на аеродромот Гетвик оваа недела, во партнерство со добротворната организација Hubbub, и ќе бидат поставени 2.000 во оптек на аеродромот. Ако само 250 клиенти ги користат чашите секој ден, ќе се заштедат 7.000 хартиени чаши месечно, сугерираат истражувања.