Стартап Македонија, организација на стартап заедницата во земјава, ги повикува сите стартап компании да се регистрираат на првата дигитална стартап платформата https://app.startupmacedonia.mk/. Целта на oваа платформа е да се соберат сите информации поврзани со стартап екосистемот на едно место.

Со регистрирање на вашиот стартап, истиот ќе го направите видлив за постојните инвеститори, акцелератори, организации и сл., односно за растечкиот еко систем за поддршка на иновативни идеи во земјава.

“Првата задача ни е да ги најдеме стартапите, втора задача ни е да ги поврземе меѓусебе, да ги поврземе и со организациите со цел да остварат соработка со клучни подржувачи и инвеститори”, вели Марија Димовска од Стартап Македонија.

Постапката е едноставна, се внесува е-маилот, а потоа на регистрационата страна се бараат неколку основни податоци за стартап компанијата и со тоа влегуваат во единствениот регистар на стартап компании во земјава.

Во сите земји со развиена стартап сцена постоат вакви регистри и служат како клучен извор на информации за овој сегмент од економијата.

Во следните неколку месеци интензивно ќе се работи на полнење на базата платформата, а целосната верзија на платформата ќе биде јавно пуштена во употреба до крајот на 2019. Освен што ќе ја видиме мапата на сите учесници во стартап екосистемот, друга цел на платформата е да воспостави претставување на македонските стартап компании според стандардите воспоставени од организацијата Startup Commons. Оваа организација ги сатандардизира фазите на развој кои се битни за инвеститорите кои се во потрага на стартап компании во кои би инвестирале.

Итражувањето на Стартап Македонија од 2018 покажа дека на македонскиот пазар несдостига соодветно поклопување помеѓу услугите кои се нудат како подршка, наспроти услугите кои што навистина им се потребни на стартап компаниите. Една од задачите на платформата ќе биде да се надмине и овој проблем.

,,Свесни сме за моќното влијание кое стартапите го имаат врз општеството овде во нашата земја, како и за нивното уникатно влијание врз економијата. Со нивниот иновативен капацитет тие може да бидат силен двигател на економскиот развој во склоп на  сите индустриски гранки. Но за да можат стартапите да променат нешто ние како екосистем треба да им помогнеме да се вмрежат, да се зајакнат и да бидат видливи и препознатливи’’, изјави Игор Маџов од Стартап Македонија.

Стартап Македонија ја гради стартап платформата во соработка со Проектот на USAID за развој на деловниот екосистем, Swiss EP и Adeva, и воедно е подржана од речиси сите организации подржувачи на стартапи, инвестициски центри.

Платформата ќе го вклучува и Стартап Digest календарот кој е првиот календар за локални и регионални стартап настани, па затоа слободно следете го и останете поврзани со се што се случува во стартап заедницата.

Со цел да допрат до поголема публика на настаните, подржувачите организации може сами да доставуваат настани кои ги организираат на самиот календар.

Сите стартап компании ги повикуваме да се регистрираат на следниот ЛИНК