Српско-американската фирма Frame која пред шест години ја покренале тројца Нишлии е продадена за дури 165 милиони долари на американската софтверска cloud компанија Nutanix, што е и најголема јавно позната аквизација за еден стартап од Србија.
Бизлајф.рс ја пренесува оваа информација а се додава и дека купувачот, фирмата Nutanix е софтверска cloud computing компанија основана во 2009 година чија вредност изнесува вртоглави девет милијарди долари.
Колку продажбата на фирмата која постои само шест години за дури 165 милиони евра е голем успех покажува споредбата со инвестициите од оваа големина во соседна Србија.
Приказната за компанијата Frame ја покренале тројца Нишлии во 2012 година. Тогаш уште некој вид сервис, прв пат е претставен во јавноста во половината на 2013та. Во тоа време како стартапт под името „Mainframe2“ во почетокот на 2015 е ребрендиран во Frame (Fra.me).
Сопствениците тогаш најавија нова фаза на работата на компанијата, ширење на корисничкиот круг на самите корисници, но и нови вработување во Србија, како што пренесува бизлајф.рс.
Еден од покренувачите на компанијата Никола Божиновиќ тогаш рекол дека тимот неколку месеци работел на подготвување производи за широка корисничка база. Во повеќе од 100 000 луѓе ги покренале своите апликации по пат на овој cloud сервис, а меѓу клиентите наскоро се најдоа и познати Fortune 30 компании.
Поентата на целата приказна е во тоа што крајните корисници со користење на ова револуционерно решение може да ги централизираат своите апликации и да ги користат во било кој компјутер, директно од пребарувач.
Кога она што се прави за Frame се преведе на обичен јазик, она со што се занимава оваа фирма станува јасно. Имено, било кој компјутер може да покрене некои од програмите како Photoshop и AutoCat, a се што е потребно за тоа е само стабилна интернет врска.
Во јуни 2015-та станаа главна вест бидејќи ги подигнаа “Series A” рундата инвестиции во висина од 10 милиони долари. Тоа беше најголемата поединечна инвестиција во еден домашен стартап, а само месец дена подоцна сервисот е лансиран и глобално, со дата центри во Калифорнија, Северна Вирџинија, Ирска, Германија, Јапонија, Австралија и Бразил.