Автор: Стефан Ивановиќ, консултант, тренер и извршен директор на Центарот за маркетинг-стратегија „еПлус маркетинг центар“, www.eplus.rs

Карактеристика на денешницата е водење бизнис во средина на VUCA (нестабилност, неизвесност, сложеност и двосмисленост). Глобални предизвици, пандемии, хиперконкуренција на пазарите, хипер-понуда на „иновации“, застој во синџирите за набавка, загрозена приватност, дигитализација и достапност на високотехнолошки решенија во животот на индивидуите незапирливо ги менуваат моделите на однесување што ги знаеме.

Од друга страна, преработувачката индустрија треба се развива, да биде релевантна во својата понуда. Решенија се бараат во следењето на трендовите и во агилноста во приспособување на промените.

НОВИ ОБРАСЦИ – Влијанија врз однесувањето и навиките на потрошувачите

Грицки и снек-производи

Ужините сè повеќе стануваат оброци. Истражувањата покажуваат дека луѓето на американскиот и на многу европски пазари во голема мера замениле барем еден дневен оброк со ужина. На американскиот пазар дури 7% од испитаниците тврдат дека немаат класични оброци во текот на денот, туку јадат само грицки. Забрзувањето на темпото на живот, од една страна, и достапноста на брзи и прифатливи решенија, од друга страна, доведуваат до брзо прифаќање на грицките.

Популарни закуски се чипс, пченкарен чипс, тортиљи, сендвичи, екструдирани производи, колачи, житарици, леб со намази, брускети, овошје, тестенини, парче пица, како и сладолед во летните месеци.

Поголема побарувачка бележат и високопротеинските закуски, како што се протеински барови, јогурти и шејкови, гранола-барови, јаткасти плодови, здрави сендвичи од леб богати со протеини.

Токму поради новата функција на грицките, се забележува дека се зголемува и нивниот фокус на комуникацијата на нутритивните вредности, содржината на влакна, витамини или ноотропи (супстанции кои влијаат врз когнитивните функции, како што се кофеин или гинко).

Храна за добро расположение

Познат е фактот дека многу фактори влијаат врз расположението: нивото на стрес, должината на спиењето, физичката активност, општата здравствена состојба, исхраната… Од сите претходно споменати влијанија, се чини дека во современиот начин на живот наједноставна опција со која може да се управува е да се посегне по соодветен залак!

Иако до неодамна се веруваше дека слатките го подобруваат расположението, неодамнешните истражувања покажуваат дека здравата храна – пред сè онаа без шеќер, е многу подобра опција, како за општото ментално здравје така и за нивото на среќа. Докажано е дека овие намирници го подобруваат расположението: темно чоколадо, банани, кафе, чиа семе, јаткасти плодови, морски плодови, зеленчук…

Во време на неизвесност, постојан стрес и секојдневно соочување со многубројни предизвици, луѓето свесно посегнуваат по хранливи опции кои ќе им користат повеќекратно и ќе им го подобрат расположението.

„Тик-ток“ едноставни рецепти

Потрошувачите кои ѝ припаѓаат на генерацијата Z (сите родени по 1995 година) се веќе на сцената и го обликуваат светот според нивните сопствени стандарди. Поради условите во кои пораснале и се образовале, како и поради предизвиците со кои се соочуваат, членовите на генерацијата Z доведуваат во прашање многу аксиоми. Тие се способни да воведат нови, понекогаш неочекувани решенија во животот.

Потребата да не се губи време непотребно е нешто што ја карактеризира оваа генерација. Се бараат идеи на места кои даваат брзи одговори, како што е „Тик-ток“.

Како по правило, рецептите на „Тик-ток“ се со малку состојки, достапни во повеќето продавници и главно евтини. Подготовката е едноставна, во едно или две јадења, рерната сè помалку се користи, а сè повеќе тава за пржење или микробранова печка.

Остатотoкот од текстот прочитајте го на следниов линк InStore