Пред неколку дена, без многу помпа, стигна – по мое мислење – многу важен повик од страна на Американскиот регулатор на пазари кој го упати својот повик до широк дијапазон на ентитети. Засегнати се банките, големите осигурителни куќи, големите увозници и извозници како и индустријата. Генерално, најзасегнат е финансискиот сектор, кој после оваа објава : Регулаторот на пазарите во САД во петокот го додаде својот глас на хорот на глобалните регулатори, повикувајќи ги банките веднаш да ја прекинат нивната употреба на рејтинг за кредитирање на Либор, предупредувајќи дека на индустријата ќе и истече времето пред крајниот рок во 2021 година.– цитирана од Ројтерс е ставен пред свршен чин.
За да се свати целата сериозност и обем на оваа промена, тука би ги навел банките од референтната листа на LIBOR креатори кои директно ќе бидат засегнати и пренасочени кон чисто американскиот пресметковен модел на меѓубанкарските финансиски токови Secured Overnight Financial Rate диригиран и оркестриран во полн ефект од страна на Федералните резерви на Америка. Еден дел од тие банки се следните гиганти :
Bank of America, Bank of Tokyo-Mitsubishi UFJ, Barclays Bank ,BNP Paribas, Credit Agricole, Credit Suisse, Citibank, Deutsche Bank, HSBC. JP Morgan Chase, Lloyds Banking Group, Rabobank, Royal Bank of Canada, Société Générale, Sumitomo Mitsui Banking Corporation, The Norinchukin Bank, The Royal Bank of Scotland, Group UBS….
Но, од каде доаѓа дрскоста на Федералните Резерви на Америка да го насочат американскиот пазарен регулатор ( тело сериозно само по себе ) да „издаде“ наредба на микс на индустрии, првенствено во финансиите, да направат побрз трансфер од „англиската“ LIBOR кон „американската“ SOFR, Пред да почнеме со анализата, би сакал да истакнам дека LIBOR стапката, воспоставена во лондонските банки е преку еден и пол век стара и долго време важеше за репер и на американскиот пазар. До ден денешен, оваа референтна стапка се користи од страна и на американските банки при тргувањето со странските банки и странските валути. Но пред неколку децении, LIBOR доби силен конкурент во EURIBOR-от, стапка која важи во континеталниот дел на Европа и се јави како пандан на англосаксонскиот LIBOR, креација на германо-францускиот стремеж за независност од колонијалниот инструмент на Велика Британија и нејзините колонии.
Но појавата на EURIBOR не го замена LIBOR, да, го направи монополот во дупол, но не го замена никако. Замената на LIBOR почна со бесмислениот и од САД наметнат концепт за BREXIT, преку маријачито Најџел Фараж. Овој процес на некаква си „независност“ на Велика Британија од ЕУ блокот, кој отпочна со сите симптоми на американско холивудско сценарио со овој нехаризматичен лик во главна улога, неколку години подоцна – наместо ветената обнова на некогашната Британска Империја, дојде фактурата од Вол Стрит. Пренасочувањето на Западната економија и пред се , финансии, кон „музиката“ на ФЕД е крајната цел на целиот BREXIT проект.
Загубите за Велика Британија се двојни… Поради Брекситот многу од финансиските гиганти го напуштаат лондонски Сити, а со нив – заминува и голем дел од активите кои ги контролираат. И тоа заминуваат во подрачја директно регулирани од EURIBOR протагонистите како што се : Франкфурт, Париз, Амстердам… Од друга страна, на лондонски Сити му се одзема релевантноста и истата ја превзема американски ФЕД.
Да сме до крај искрени, и овие децении кога моќниот Вол Стрит и енормната американска економија беа „подучувани“ од лондонски Сити не беше одржливо решение….
Едноставно, американската економија и мамутскиот финансиски сектор е премногу силен, иновативен и гломазен да биде координиран од страна на една омалаксана економија со опаѓачки стандард која ги губи меѓународно своите позиции побрзо од што ги губи колониите.
Судејќи по најновите случувања на теренот, и американските инструкции до повеќе индустрии за „прешифтовање“ кон нивниот SOFR наместо враќање на британскиот сјај повторно на светска сцена ( што е сулуда идеја сама по себе, бидејќи и колониите веќе не сакаат да бидат гувернирани од Лондон ) ги донесе до ситуација да мораат да станат еден вид дел на САД, ако не 53-та сојузна држава, тогаш сигурно подсистем на финансиската мегаконструкција на ФЕД. Во оваа констелација на односи, некогашниот извор на финансиско знаење, искуство и практики во светот – Лондон, ќе биде сведен на исто рамниште со подрачната единица на ФЕД во Луизијана. По се изгледа проектот Brexit беше увертира за замена на LIBOR-от со SOFR. Оттука од надежот за воскресение во повторен финансиски центар на светот, Лондон се претвара во скапа периферија на финансиите и случувањата.
Наум Димитровски