Директорката на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо-Ивеала, повика на смиреност во врска со најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царините, цитира Франс прес, објави „24Часа.бг“.

„Дури и ако тарифите станат факт, ве молиме останете смирени“, рече Нгози Оконџо-Ивеала на Светскиот економски форум во Давос.

Веднаш штом ја презеде функцијата, новиот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни царини за увоз од Мексико. Канада, ЕУ и Кина.

„Чувствувам преголема возбуда на оваа тема“, рече Нгози Оконџо-Ивеала.

„Треба да земеме длабок здив. „Ако возвратиме, без разлика дали зборуваме за царина од 25 проценти или 60 проценти, ќе се вратиме таму каде што бевме во 1930-тите век, ќе бидеме сведоци на двоцифрени процентуални загуби од светскиот бруто“, порача таа. „Тоа би било катастрофа“, додаде шефицата на на СТО, цитирана од БТА.

„Целиот свет ќе плати. Целиот свет, а сиромашните земји најмногу“, забележа Нгози Оконџо-Ивеала.