Во првата половина од 2020 година, Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот ковид-19, соопшти банката преку Македонската берза.

„Банката настојуваше да го приспособи своето работење на новонастанатата ситуација залагајќи се, пред сè, за безбедност на клиентите при користењето на услугите на банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Од аспект на оперативно работење, фокусот беше ставен врз наплата на нефункционални побарувања што заедно со редовните нето-приходи придонесе за остварување на позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.-30.6.2020 година, односно нето-добивка во износ од 52,42 милиони денари (852.000 евра)“, информираат од банката.