Стопанска банка АД – Скопје како членка на Македонската Банкараска Асоцијација се приклучи кон здружената акција за заштеда на електрична енергија и полесно надминување на електричната криза. За таа цел, Банката во целост го пренесува соопштението на Македонската Банкараска Асоцијација за здружена акција на членките со цел заштеда на електрична енергија:
„Откако на 9.11.2021 година Владата на Република Северна Македонија прогласи кризна состојба во енергетската енергетскиот сектор во траење од 30 дена, Македонската банкарска асоцијација (МБА) го координираше своето членство и едногласно ја поддржа иницијативата според која сите експозитури и централни објекти на членките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена.
Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон заштеда на електрична енергија и даваат пример за здружено општествено одговорно однесување кое дополнително се пренесува и до сите вработени кај членките, со препорака за рационално користење на електричната енергија не само во работните простории туку и во домовите.
Со колективни едукативни акции од овој вид можеме долгорочно позитивно да влијаеме врз предизвиците со кои се соочуваме глобално како што се заштитата на животната средина и намалување на ефектите од климатските промени.
Македонската банкарска асоцијација им благодари на членките за брзиот одзив на предложената иницијатива, но и бројните досегашни активности кои ги преземаат во поглед на одржливост и подигнување на еколошката свест.”, се вели во соопштението на МБА.