Стопанска банка во примена од 01.07.2019 изврши промена на каматните стапки на депозитите на население. Увид во актуелните каматни стапки, може да извршите во Филијалите на Банката, на 24/7 Контакт центарот на (02) 3100-109 или во листата со каматни стапкиобјавена на веб страницата на Банката
Воедно во примена од 01.07.2019 Стопанска банка изврши:
1. Воведување на фиксни каматни стапки и укинување на променлива каматна стапка, за нови орочени депозити со рокови на орочување до(и) 36 месеци и
2. Укинување за нови орочувања за следните видови на орочени депозити:
– Орочен депозити МОЈ ПЛАН за рок на орочување од 48 и 60 месеци, во валути: МКД И ЕУР.
– Орочени девизни депозити со камата во денари со рокови на орочувања од 1, 3, 6, 12 и 24 месеци, во валути: ЕУР и УСД.
Постојните орочени депозити кои се укинуваат од понудата на СБ, остануваат во примена до денот на достасаност при што согласно Договорот за конкретниот орочен депозит, СБ го преорочува согласно важечките услови на денот на преорочување.
Се известуваат клиентите на овие депозити, дека имаат можност да го уредат својот деловен однос со СБ и да извршат мигрирање на средствата од постојниот депозит на некои од останатите важечки депозитни производи на СБ.