Правила за наградната игра

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Сл весник на РМ, број 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012 и 27/14), се утврдуваат следните правила на наградната игра:

Член 1
ОРГАНИЗАТОР
Организатор на наградната игра „ Со картичка плати, милион фати “ (во понатамошниот текст “Наградна игра“) е Стопанска банка АД – Скопје, со седиште во Скопје, ул: 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: ОРГАНИЗАТОР).

Член 2
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра има за цел рекламирање на производите за физички лица од понудата за ВИЗА (VISA) или Мастеркард (MasterCard) кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД – Скопје.

Член 3
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјалното име на Наградната игра е „ Со картичка плати, милион фати “.
Наградната игра ќе започне од 15.5.2021 и ќе трае до 24.7.2021 година.

Член 4
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Квалификувани за учество во Наградната игра се сите физички лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18 – годишна возраст), кои се корисници на производот за физички лица ВИЗА (VISA) или Мастеркард (MasterCard) кредитна или дебитна картичка од ОРГАНИЗАТОРОТ за направена безготовинска трансакција во периодот од 15.5.2021 и ќе трае до 24.7.2021 година, а кои на деновите на извлекување на наградите немаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ кои произлегуваат од користењето на горенаведените производи или други кредитни производи на Банката. Доколку биде извлечен добитник со повеќе од 30 дена неподмирени достасани обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ, истиот ќе биде дисквалификуван и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој во целост ќе ги исполнува правилата на наградната игра.
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар).
Лицата од ставот 1 од овој Член, за секоја за секоја безготовинска трансакција направена со ВИЗА / Mастеркард кредитна или дебитна картичка во период од 15.5.2021 и ќе трае до 24.7.2021 година, добиваат:
–    Една референца за партиципација за учество во Наградната игра за секоја трансакција во трговија во земјата и странство, плаќање на сметки преку АТМ и top-up на мобилна сметка преку АТМ а
–    Две референци за партиципација за учество во Наградната игра за секоја e-commerce трансакција со VISA/MasterCard картичка. Под e-commerce трансакција се подразбира купување на добра и услуги преку електронска трговија од македонски или странски online компании.

Член 5
ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се организира за физички лица – корисници на ВИЗА/Мастеркард кредитни и дебитни картички од Стопанска банка АД – Скопје, на територијата на Република Северна Македонија.

Член 6
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ
Во Наградната игра ќе бидат доделени следната награди:

  • 10 x 10 х Неделни награди во износ од по 15.000,00 денари = 1.500.000,00 ден
  • Главна награда во износ од 1.000.000,00 денари.   

Вкупниот награден фонд изнесува 2.500.000,00 денари. Персоналниот данок е на товар на Организаторот.

Член 7
МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Лицата од член 4 став 1, квалификувани за учество во Наградната игра, за секоја безготовинска трансакција направена со ВИЗА/Мастеркард кредитна или дебитна картичка во период од 15.5.2021 и ќе трае до 24.7.2021 година, добиваат:
–    Една референца за партиципација за учество во Наградната игра за секоја трансакција во трговија во земјата и странство, плаќање на сметки преку АТМ и top-up на мобилна сметка преку АТМ а
–    Две референци за партиципација за учество во Наградната игра за секоја e-commerce трансакција со VISA/Мастеркард картичка. Под e-commerce трансакција се подразбира купување на добра и услуги преку електронска трговија од македонски или странски online компании.

Член 8
ВЕРИФИКАЦИЈА НА КВАЛИФИКУВАНОСТ И ПРАВО НА УЧЕСТВО
Наградата ќе биде доделена само ако учесникот е квалификуван, има право на учество и ако целосно ги почитува Правилата на Наградната игра.

Член 9
ДАНОЦИ, ЗАМЕНИ, ПРЕНОС И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
ОРГАНИЗАТОРОТ е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок.
Наградата не се пренесува ниту се препишува пред претходно доделување на истата.

Член 10
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ОРГАНИЗАТОРОТ има право личните податоци на добитникот да ги користи во своите идни маркетинг активности, по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.

Член 11
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
ОРГАНИЗАТОРОТ има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, по добивање на одобрение од Министерство за финансии со известување до јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.

Член 12
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ
Евентуално настанатите спорови помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

Член 13
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Извлекувањето на наградите ќе се врши еднаш неделно со почеток во 10:00 часот, во просториите на Стопанска банка АД – Скопје, на адреса ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје согласно следниот распоред:
Датум                              Добивка    Вкупно
1    26. 5. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
2    1. 6. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
3    8. 6. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
4    15. 6. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
5    22. 6. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
6    29. 6. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
7    6. 7. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
8    13. 7. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
9    20. 7. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
10    27. 7. 2021    10    1             15,000.00     150,000.00
10    27. 7. 2021    1    1       1,000,000.00     1,000,000.00

Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор од страна на лице од Банката со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.
Извлекувањето на сите награди ќе се одвива, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници, и тоа:
1.    Двајца претставници од Стопанска банка АД – Скопје.
2.    Нотар од Република Северна Македонија
При секое од 10те извлекувања, ќе бидат извлечени 10 награди и 3 резервни добитници.

Член 14
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА
Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите во дневниот весник „Вечер“ како и на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ www.stb.com.mk
ОРГАНИЗАТОРОТ ќе го извести добитникот за добиената награда телефонски преку КОНТАКТ ЦЕНТАРОТ на Банката, а доколку добитникот на наградата има дадено своја согласност, ОРГАНИЗАТОРОТ може да ги користи неговите лични податоци и во маркетинг цели.

Наградите ќе бидат исплатени 30 дена по објавувањето на добитниците на денарска сметка на добитникот во Стопанска банка АД – Скопје.
Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кон добитникот.

Член 15
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб страната на ОРГАНИЗАТОРОТ  www.stb.com.mk, по добивањето на согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.

Член 16
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавување на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра, до Дирекцијата за Маркетинг и односи со јавност при Стопанска банка АД – Скопје, која е должна во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот писмено да одговори на добиениот приговор.

Член 17
ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во наградната игра немаат лицата вработени во Стопанска банка АД – Скопје (вклучувајќи ги и нивните потесни семејства, и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар/вонбрачен другар). Право на учество немаат ниту VISA Business картичките.
Доколку извлечениот добитник е дел од оваа група на лица нема да има право на наградата и ќе биде заменет со првиот од резервните добитници кој ќе ги исполнува во целост правилата на наградната игра. Добитникот пред да ја подигне наградата ќе потпише потврда дека во своето најблиско семејство нема вработени од Стопанска банка АД – Скопје.

Член 18
НАЧИНИ НА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
За известување за Наградната игра ќе бидат користени следните средства:
1.    Видео спот
2.    Рекламни пораки на веб страната на Стопанска банка АД – Скопје(www.stb.com.mk)
3.    Рекламни пораки на радио,
4.    Веб банери, Социјални медиуми,
5.    Постери и летоци поставени во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје,
6.    E-mail и смс маркетинг

Член 19
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерсвото за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на исплатата на наградите.