Добродојдовте во најновата наградна игра на платежната асоцијација VISA и Стопанска банка АД – Скопје.
Не пропуштајте, во периодот од 14.10 до 31.12 можете да станете милионер едноставно користејќи во трговија некоја од VISA кредитните и дебитните картички издадени од Стопанска банка.
Наградната игра ќе се состои од неделни извлекување од сите трансакции направени во претходната недела со Visa кредитните и дебитните картички, а сите недобитни трансакции од претходните извлекувања влегуваат во извлекувањето за главната награда на крајот на кампањата.
Во склад со одбележување на 75 години од основањето на Банката, наградите од секое неделно извлекување изнесуваат 75.000 денари додека главната награда изнесува 1.000.000 денари.
Со секоја трансакција во неделата во трговија добивате еден жетон за неделното извлекување и главната награда додека со секоја трансакција за електронска трговија добивате 2 жетони за неделното извлекување и главната награда. Трансакциите за подигнување на готовина не се вклучени во наградната игра.
Наградната игра важи за постоечки и нови Visa кредитни и дебитни картички издадени од Стопанска Банка (освен Visa Business).
Официјалните правила за наградната игра се достапни на веб страницата на Банката. Објавата на неделниот добитник ќе биде на веб страницата на Банката во делот НОВОСТИ на денот на извлекувањето а во продолжение е распоредот на извлекувањата:
– 25.10
– 01.11
– 08.11
– 15.11
– 22.11
– 29.11
– 06.12
– 13.12
– 20.12
– 27.12
– 10.01.2020 Главно извлекување
Стопанска банка АД – Скопје
75 години на ваша страна