Стопанска банка АД – Скопје започна со издавање на #КупувамДомашно картичките, со ставање на располагање на првите 5.000 картички во текот на вчерашниот ден.

Согласно со планот за изработка и издавање на над 110.000 картички, Стопанска банка АД – Скопје веќе испрати за 5.000 клиенти СМС порака со повик да си ги подигнуват своите картички од филијалите на Банката.

Клиентите одговорно, следејќи го препорачаниот термин, ги посетуваа филијалите и ги добиваа картичките со што дел од граѓаните веќе ги имаат финансиските средства на располагање.

Со оваа динамика, Банката ќе ги изработува и ќе ги издава картичките и во следните денови за што подготвен е и посебен режим на работа на филијалите што придонесува да не се нарушат секојдневните интеракции со клиентите за останатите банкарски услуги.
Стопанска банка АД – Скопје на дневна основа продолжува да испраќа СМС порака со покана за подигнување на картичката од филијалите на Банката со што клиентите се навремено информирани и немаат потреба од посета на филијали или јавување во контакт центарот.

На интернет страницата на Банката викендов ќе биде достапен и формулар за проверка на терминот и филијалата за подигнување на картичката.

Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат до клиентите да се придржуваат до зададениот термин со цел ефикасна и безбедна реализација на проектот.