Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека на 28-ми декември 2019 (сабота), Банката ќе изврши исплата на декемвриските пензии за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија (ПИОСМ) на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД – Скопје.
Подигањето на пензијата може да го извршите на широката мрежа на банкомати и филијали на Стопанска банка АД – Скопје.
По исплата на декемвриските пензии, останува во примена редовната динамика за исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот.
За повеќе информации, обратете се во Филијалите на Банката или во 24/7 Контакт Центарот (02) 3100 109.