Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека на 04.08.2020 (денес), изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите уште од денес – (4 август).

Готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно, во периодот од 04-ти август (вторник) до 06-ти август (четврток) 2020 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:

  • 04.08.2020 (вторник) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; (презиме)
  • 05.08.2020 (среда) исплата за И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; (презиме)
  • 06.08.2020 (четврток) исплата за ПР, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од Банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, од Стопанска банка АД – Скопје апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Клиентите кои ќе ги посетат филијалите, од Банката апелираат да ги следат следните препораки:

•    Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
•    Да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници.