Со кредит од 11 милиони евра Стопанска банка АД Скопје ја поддржува изградбата на системот за отпрашување на погонот Челичарница. Со потпишување на договорот за кредитот Стопанска банка АД Скопје ја потврди својата определба за поддршка на еколошки и сите други проекти кои се во функција на развојот на македонската економија.
Според информации на фабриката, со потпишување на договорот за кредитирање на системот за отпрашување се потврдува фактот дека односите на оваа компанија со Стопанска банка АД Скопје не се вообичаени деловни односи, туку претставуваат една долготрајна успешна соработка која опстојува повеќе од една деценија. Договорот за кредитирање значи продолжување и продлабочување на соработката.
Системот за отпражување кој чини 11 милиони евра е неопходен за да се добие интегрираната еколошка дозвола и да може погонот Челичарница да може да продолжи со работа. Поради неговата инсталација, погонот престана да работи на 31 октомври, а кон средината на јануари треба да биде завршен и да се пушти во употреба.