Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.
ИТ Ревизор во Дирекција за ревизија на Информациони Системи
Значајни должности:
- Самостојно планирање и извршување на ревизии на информационите системи на Банката, како и учество во интегрирани ревизии на останатите функции во Банката (во соработка со Менаџерот на ревизијата);
- Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури;
- Подготвување и презентација на ревизорски извештаи до Директорот на Сектор за внатрешна ревизија/Менаџерот на ревизијата и Менаџерот на ревидираниот процес/функција, и обезбедување на периодичен мониторинг на спроведувањето на плановите на менаџментот за корективни акции;
- Учествува во активностите на надворешните ревизии, внатрешната ревизија на НБГ Групацијата, супервизија на НБРМ и останати државни институции;
- Учествува во проектите за примена и усогласување на работењето на Банката согласно барањата на релевантните тела на Банката и НБГ Групацијата, како и надворешни релевантни регулаторни тела, законски регулативи и стандарди.
Потребни квалификации:
- Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
- Релевантно работно искуство во извршување на ИТ ревизии или сродно искуство во областа на информациони системи;
- Професионални сертификати од областа (CISA, CISM или еквивалентно) ќе се сметаат како значајна предност;
- Познавање и искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија, ќе се сметаат како значајна предност;
- Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
- Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно;
- Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
- Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.
Стопанска банка АД – Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.
Месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот.
Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV и Писмо за интерес на англиски и македонски јазик, електронски на: [email protected].
Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 27 август 2018.
Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани