Стопанска Банка АД Скопје оствари уште една успешна година во услови на големи предизвици на домашен и меѓународен план, политички нестабилен амбиент, значајна конкуренција и услови на историски најниски каматни стапки.
Деловната политика на Банката, воспоставениот систем на следење и управување со ризиците, високата доверба на клиентите рефлектирана преку високата ликвидност и стабилност на Банката овозможија добивката пред оданочување да изнесува МКД 2,283,732 илјади, што е пониска за 8.8% споредено со истиот период од минатата година, но сепак претставува резултат на високо завидно ниво. Останатите показатели од работењето ги остварија следните поместувања:
- Приходите од камати изнесуваат МКД 4,430,735 илјади и истите се пониски за 2.1% во однос на 2016 година
- Расходите за камати изнесуваат МКД 753,373 илјади и се пониски за МКД 136,146 илјади
- Приходите од провизии и надомести изнесуваат МКД 1,076,297 илјади и забележаа пораст од 2.25%, додека расходите за провизии и надомести остварија намалување од 6.4%
- Нето приходите од курсни разлики изнесуваат МКД 107,673 илјади и се пониски од предходната година за 6.3% како резултат на намалените маргини кај курсните разлики
- Останатите приходи од дејноста изнесуваат МКД 529,022 илјади и забележаа пораст за МКД 190,368 илјади, додека останатите расходи од дејноста останаа релативно непроменети
Во текот на 2017 година СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од МКД 932,144 илјади, што е повеќе за МКД 441,170 илјади во однос на истиот период од минатата година. Загубата поради оштетување на нефинански средства изнесува МКД 110,306 илјади.
Трошоците за вработените останаа релативно непроменети и истите изнесуваат МКД 801,066 илјади.
Заработката по акција за 2017 година изнесува МКД 117.07 и е пониска за 8.7% во однос на 2016 година.