Деновиве актуелна е појавата на се поголем број спонзорирани објави (реклами) на Facebook од страна на лажни интернет продавници кои се декларираат како застапници на познати светски брендови (како Wizz Аir и сл.) а со цел собирање на податоци за вашите платежни картички и нивна понатамошна злоупотреба.

 

Стопанска банка ги повикува клиентите на внимателност при користење непознати интернет страници како и да внимаваат на името на страницата пред да внесуваат лични податоци и податоци од платежните картички.

Доколку се сомневате дека сте ги споделиле вашите податоци и податоците од картичката со лажна интернет продавница јавете се во нашиот 24/7 контакт центар на (02)3100 109 со цел блокирање на картичката и спречување на понатамошна злоупотреба на вашите средства.