Службата за човечки ресурси за потребите на Секторот за работа со правни лица, Служба за големи клиенти, објавува оглас за ангажирање еден (1) извршител на работното место самостоен стручен соработник 2 за работа со големи клиенти.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Економски факултет,
- Најмалку 3 (три) години работно искуство во банка,
- Задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ,
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office)
Лични карактеристики и вештини потребни за работното место
- Работливост,
- Личен интегритет,
- Доверливост,
- Способност за работа под притисок и во кратки рокови,
- Toчност,
- Комуникативност,
- Креативност,
- Добри организациски вештини,
- Добри интерперсоналнии комуникациски вештини за воспсотавување односи со персоналот,
- Способност да анализира, интерпретира и презентира законска рамка,
- Вештини за преговарање и разрешување на проблеми,
- Иницијативност и способност да дава нови идеи,
- Организациски и вештини за ланирање и управување со сопственото време за да се почитуваат поставените рокови и цели,
- Способност за медијаторство,
- Способност за презентација,
- Работа на компјутер,
- Возачка дозвола Б категорија.
Дел од работните задачи и одговорности на работното место:
- Се грижи за остварување на поставените цели, го следи исполнувањето на планот, резултаите од работењето и споредба со планските задачи,
- Се грижи коминтентите, другите служби во банката, и претпоставените да ги добијат потребните информации на време,
- Одговорен е за работењето на клиенти кои согласно критериумите за сегментација на клиентите спаѓаат во категоријата, на големи клиенти спрема својата изложенст, депозити или промет во денарскиот или девизиот платен промет, како и согласно билансната сума и вкупните остварени приходи согласно годишните финансиски извештаи,
- Анализира кредитни барања, оценка на обезбедувањето, во согласност со политиките и процедурите на банката,
- Ги следи пласманите, и подмирувањето на обврските на клиентите,
Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Млечен Скопје, со договор на неопределено време, со полно работно време од 8 до 16 часот и нето плата од 43.000,00 денари.
Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: [email protected] со назнака во Subject „За самостоен стручен соработник 2 за работа со големи клиенти“.