60% од работодавачите имаат недостаток од стручен кадар за 28 занимања во повеќе сектори како градежништво, здравство, инженерство, ИТ сектор – кажуваат анкетите на Стопанската комора.

Според компаниите ова е поради недостаток на стручни вештини, работно искуство и практична работа. Оттука поттекнува важноста за вклучување на вработените во обуки и доквалификации, како и соработката на образовните институции со бизнис секторот за зголемување на часовите во практична настава и поттикнување и поддршка на стучното образование- истакнуваат од Стопаската комора. Според нивните анкети, бројката на возрасни кои учествувале во обуки е само 2,5%.

-Недостатокот на кадар со соодветни вештини влијае на продуктивноста на компаниите, ја намалува нивната конкуренстност и влијае на целокупната економска состојба на една земја. 1270-02 00:18-00:38 , Таргеот треба да го ставиме на квалитетот на дуалното образование, на практичната обука и зголемувањето на часовите за практична обука, затоа што тоа е потреба искажана и од страната на компаниите, – Наташа Јаневска- Стопанска комора на Македонија.

Со процесот на дигитализација доаѓа и до момент каде изумираат занаети и занимања, каде наместо човечки се почесто се кориси автоматизиран пристап. Од друга страна пак, овие сектори каде што недостасува квалификуван кадар се високо платени, велат од Комората.

– Поради тој недостаток веќе клучните профили што им се потребни, особено во градежниот сектор сен многу високо платени. Сигурно сте забележале дека одредени профили како плочкар, фасадер се недостаток и тие веќе имаат голема цена на пазарот,- -Јадранка Аризановска – Стопанска комора на Македонија.

-Тргнувајки од менталитетот којшто постои во нашата земја подобро е да работиш во администрација, којашто дали 25 до 28 илјади зема, без минат труд, но тие нема да се преквалификуваат и да одат во дејности каде платите се многу поголеми. – Наташа Јаневска- Стопанска комора на Македонија.

Според извештајот на Европската комисија, со недостаток на квалификуван кадар се соочуваат повеќе Европски земји и од таа причина оваа година е европска година на развивање на вештини, во која ќе се финансираат проекти во оваа насока.