Изборите поминаа, сега мора обединување на политиката и стопанствот. Само така економијата ќе добие вистински приоритет. Акцент да се стави на поефикасна реализација на капитални инвестиции и засилена борба против сивата економија.
Бизнисмените од Стопанската комора и од Организацијата Македонија 2025 порачаа дека земјава има капацитет, искуство и знаење како да се стаса до солиден економски раст.
– Бараме да се остане на тоа што е, значи воглавном тие три диспаритети за кои што ние зборуваме а едниот е тој континуитет на правни прописи при изборите кои што се донесени претставуваат фундаментално право за бизнисите во македонија. А тоа се односот на капиталот и трудот, односот на активното издржавантно население и токму ова прашање трето за кое што зборувавме тоа ја дава предвидливоста за бисзнисот и е многу значајно. – изјави претседателот на Стопанската комора на Северна македониа Бранко Азески.
Бизнисмените потенцираа дека без јавни инвестиции не е можно да оди државата напред. Визијата на стопанствениците е со самото подобрување на бизнис камбиентот, ќе се зголемат и инвестициите на компаниите а тоа ќе значи подобрување на деловното окружување, раст на платите и зголемување на вработеноста.
„Не е важно колкав е долгот на државата важно е за што се трошат парите, ако тоа се праи кои што ќе се употребат за иднината, за инвестиции, нешто кое ќе го подобри деловното опкружување, инфраструктурата, ќе овозможи дали на компаниите повеќе да работат, дали образовниот систем да се подобри сето тоа е добро.“ – вели Никица Мојсовска Блажевски.
Планот на бизнисмените е економијата во периодот што следи да испорача раст од најмалку пет отсто. Во моментов македонската економија е на самото дно од државите во регионот. Но, ваквата состојба се очекува да се подобрува бидејќи полека кризата со инфлацијата поминува а за д нас се веќе и изборите кои секако го кочат бизнисот.