Согласно верифицираната Програма на Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија по Решение УП1 бр.10-10 од 7.8.2017 година, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обука од Охрид, го организираат специјалистичкиот курс: „Вештини во финансиското работење“. По успешното завршување на програмата и позитивната оценка, учесникот добива сертификат за стекнати вештини во финансиското работење кој е признат од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Методологија
Главната цел на курсот е кандидатите да се стекнат со знаење и вештини потребни за работа во финансискиот сектор и општото благајничко работење. Програмата е составена од четири тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со финансиското работење, а кои се од особена важност за непречено функционирање и работење на сметководствено-финансискиот сектор. Според наставниот план,  обуката трае 70 часа, од кои 40% од наставата е теорија и 60% практична настава.
Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со правилна имплементација на законската регулатива која го уредува готовинското денарско и девизно благајничко работење со посебен акцент на пресметка, исплата и евиденција, како и стекнување на практично знаење за правилна имплементација на одредбите од поврзаните закони и подзаконски акти.

Целна група:
Курсот може да го посетуваат лица вработени во секторите финансии, сметководство, благајна, како и сите други заинтересирани лица, со или без работно искуство кои имаат желба да ги прошират своите знаења и вештини во областите од наведенава тематика и да се стекнат со сертификат кој е валоризиран и препознатлив на пазарот на труд.

Дополнителни информации:

• Времетраење на обуката е вкупно 70 училишни часа, од кои 30% од наставата е теорија и 70% практична настава, распоредени во 11 тренинг дена, односно истите се одржуваат два пати неделно.
• Обуката започнува на 17 април 2018 година(денес) и ќе се реализира со следната динамика:
-Теоретски дел: 17-18 април 2018 година (вторник-среда) и 26 април 2018 година (четврток);
-Практичен дел: во договор со менторот, кандидатите ќе бидат поделени во 2 групи за полесно следење и имплементирање на обуката.
• Број на учесници во група: 8  – 15 учесници.
• Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија.
• Услов за да се стекне Сертификатот за „Вештини во финансиското работење“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит.