Прифатлив ли е предлогот за минимална плата од 500 евра, но намалени социјални придонеси?! Здружението „Гласен текстилец“ останува цврсто на ставот дека работниците и работничките права треба да останат во фокусот на државата и го поддржуваат предлогот на Стопанската комора на северозападна Македонија, односно минималната плата во државата да изнесува 500 евра, но да има намалени социјални придонеси.
И првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов вели дека понудата од 500 евра минималец од Комората на Северозападна Македонија е прифатлива.
Сите засегнати страни, а најмногу граѓаните очекуваат деталите за овие предлози да се најдат на следната седница на Економско Социјалниот Совет каде што и Владата ќе треба да се произнесе.
И додека продолжува дискусијата, работниците остануваат загрижени дека секоја промена може да оди на нивна штета.