Од 30 до 50 отсто од работниците во земјава ќе останат без работа доколку државата во најскоро време не излезе со конкретни мерки за помош на компаниите во време на криза. 

Ќе се затвораат капацитети и ќе се делат откази ако до крајот на годинва Владата не излезе со конкретна помош за стопанството, предупредува кризниот штаб на Стопанската комора. Анкетирале 200 фирми членки, сите се загрижени за состојбата и непредвлидливоста која ги очекува од јануари. Доколку нема помош, кажале дека размислуваат од 30 до 50% да го намалат бројот на вработени, но и производството.

„Голем дел од фирмите кажаат дека од следна година е поголемата непредвидливост и доколку се продолжи со ваква криза и доколку немаат поддршка ќе следи од 30 до 50% намалување на вработените што никој не го сака. / Предвлидивост може да имаат до крај на година. Следна година со склучувања на нови договори, заради предвлидливост се бараат поддршките.“ изјави Јелисавета Јовевска, кризен штаб на Стопанска комора

Последниот апел од комората следи откако вчера економскиот совет на кој присуствуваа сите засегнати страни заврши без исход. Претходно првиот човек на комората Азески посочи дека доколку нема мерки 20% од фирмите планираат да стават клуч на врата.

Стопанството бара зголемено домашно производство на електрична енергија и фиксна цена за струја која ќе биде помала од берзанската, како и намалување на ДДВ-то кое го плаќаат. Државната помош по теркот на земјите од соседството.

Владата неколку пати досега го менува датумот кога ќе биде објавен антикризниот пакет помош. Последна најава е дека мерките ќе се соопштат следната среда на економскиот совет.

Додека фирмите ја чекаат владината помош, дел од големите индустриски капацитети веќе го запреа производството.