Бизнис секторот под лупа ја стави годината која ја испраќаме. Тие излегоа со серија забелешки како што се, не ефикасност на администрацијата за издавање на дозволи за градење и донесување на детелен урбанистички план, бараат навремено враќање на ддв кон компаниите, додаваат дека компаниите во земјава продолжуваат да се соочуваат со недостиг на работници, големи загуби на јавните препријатиа кои напминуваат вредност од над 100 милиони како и намалување на активното население кое во последната година е 12 иљади лица се дел од нивните забелешки.

„Сивата економиа е на ниво од над 35% од БДП, а според различни извори, достигнува и до 39% од БДП. Во „најдобро сценарио” на анализите на СКСЗМ, годишно jа чини дожавата над 700 милиони евра, додека во „налошо сценарио”, ja надминува вредноста од 1,7 милизарди евра, како потенциални загуби на буџетски приходи.“ – Менди Ќура претседател на стопанска комора на Северозападна Македонија.

Дел од очекувањата на бизнисот за следната година се  да има нов систем за увоз на работна сила од странство каде што мислење ќе даде агенцијата за национална безбедност,  реализација на капитални инвестиции на ниво од над 80%, зголемување на бруто домашниот производ од над 4%, како и целосна реализација на 130 милиони евра за  коридорот 8 и 10Д.

„Зголемување на буџетот за капитални инвестиции на годишно ниво од 14%.Рамноправна распределба на странските директни инвестиции во сите технолошки развони зони. Вклучуванье на сите сектори и де ности во унгарскиот кредит, без исклучок, особено туризмот и енергетиката.“ – вели Ќура.

Стопанската комора на северозападна македонија исто така бара Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор.