Странските инвестиции во САД се намалија за 32% на годишно ниво во 2017-та година.
Странските инвеститори потрошиле 259.6 милијарди долари за превземања, отворања и проширувања на бизниси во САД во минатата година, покажуваат податоците на Бирото за економски анализи на САД. Така, минатогодишните инвестиции остана многу под рекордните 439,5 милијарди долари во 2015-та година.
Значителен дел од странските инвестиции доаѓаат од Канада (66,2 милијарди долари), потоа следат Британија и Јапонија, објави „CNN“.
Странските директни инвестиции се под влијание на голем број фактори. Силниот американски долар може да ги направи американските средства поатрактивни. Можеби ова ги водеше инвеститори во текот на изминатите две години.
Финансиската нестабилност во светот исто така, ја прави САД релативно безбедно место за инвестиции, иако во последниве години голем број земји во развој ја зголемија нивната конкурентност, односно нивото на вложувања од странство.
САД не е исклучок кога станува збор за паѓање на странски директни инвестиции. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), странските инвестиции на глобално ниво се намалени за 18% во 2017-та година и со речиси 24% во однос на максимумот од 2015-та година.
Општо земено, големите корпорации продолжуваат да инвестираат во американската економија. Претседателот Доналд Трамп ги поздрави некои инвестиции, како што е онаа на кинеската „Foxconn“, која отвори фабрика во Висконсин. Но, од друга страна, Белата куќа покажа „црвен картон“ на неколку американски договори за стекнување средства од странски компании.
Така на пример, намерите на сингапурскиот производител на хардвер „Broadcom“ да ја купи калифорниската „Qualcomm“ беше блокирана од властите поради загриженоста дека американска технологија може да биде во рацете на Кина.
Трамп стоеше зад законот што му дава дополнителни овластувања на Комитетот за странски инвестиции во САД, кој традиционално ги разгледува инвестициските планови.
Трговскиот советник Питер Наваро ги критикува странските инвестиции, нарекувајќи ги „освој ги преку купување“.
„На долг рок е можно да бидеме во сопственост на странци“, рече тој во минатата година.
Ненси Мекларен, претседател на организацијата составена од меѓународни компании наречена Организација за меѓународни инвестиции, смета дека американското однесување, заедно со брегзит, ќе имаат негативен ефект врз инвестициите.
„Минатата година имаше многу несигурности. Меѓународните компании, како целина, се загрижени од тоа како владите ќе ги третираат странските компании кои работат во нивните земји. Прекуграничните превземања трпат логичен удар од економскиот национализам, но не само во САД, туку и во целиот свет“, додава таа.