Познатиот струшки хотел „Дрим“ повлече сериозни чекори кон зголемена енергетска ефикасност на објектот и максимално користење на зелената енергија. Зголемување на зелена енергија во Струга, напиша на неговиот профил на Facebook генералниот менаџер на хотелот Крис Блажески.

Тој објави фотографии на кои се гледа дека голем дел од покривот на хотелот е покриен со соларни панели.

Ваквиот чекор на менаџерскиот тим на хотелот е полн погодок, особено после големото зголемување на цената на електричната енергија. Инвестицијата ја оправдува и самиот факт што во регионот на Охрид и Струга годишно имаме над 250 сончеви денови.

Секако чекор за поздравување, кој треба да го следат и останатите поголеми корисници на електрична енергија. (Крај)