Владата на Велика Британија оваа недела издаде предупредување на олигарсите и богатите руси кои живеат во Британија и се осомничени за корупција. Тие ќе бидат приморани да објаснат од каде им се парите за луксузниот живот кои го уживаат во Обединетото Кралство или да се соочат со закана нивните средства да бидат замрзнати.
Според Џорџ Геловеј, поранешен член на парламентот на Велика Британија, малку е чудно зошто токму сега на владата и пречат овие богаташи, кога истите не претставуваа проблем во 1990 година кога се доселија на територијата на Британија. Според него ова е хипокритичко однесување на владата, целосно мотивирано од моменталното заладување на односите со руската влада, а посебно со претседателот Владимир Путин.