Според Ројтерс, според информациите што ги добиле од упатените во индустријата, TiMi Studios, сопственост на групацијата Тенсент, најверојатно стана најголемиот развивач на игри во светот.
Минатата недела Тенсент објави дека во 2020 година компанијата заработила околу 23,7 милијарди долари од продажба преку Интернет, а се претпоставува дека TiMi е одговорен за околу 40 проценти од таа сума, додека на второто место се Lightspeed и Quantum, развивачи на PUBG Mobile со околу 29 проценти.
Компанијата не објавува попрецизни податоци, бидејќи студија во рамките на компанијата се натпреваруваат едни со други и работат независно едни од други.
Доколку овие наводи се точни, TiMi Studios стана најголемиот развивач на игри во светот со заработка од околу 10 милијарди долари во претходната година. Таквиот ненадеен раст не е невозможен, бидејќи студиото развива неверојатно популарни мобилни наслови како Honor of Kings и Call of Duty Mobile.
Благодарение на глобалниот раст на интересот за игри, сосема е можно тие да успеале да забележат таков резултат, што сведочи за растечката експанзија и профитабилност на пазарот на мобилни игри. Ова само ја потврдува доминацијата на Тенсент како најголем издавач на видео игри во светот.
Тенсент планира да се прошири на вториот по големина пазар на игри – САД. Две студија во моментов се во изградба во Лос Анџелес, едното за TiMi, а другото за Lightspeed и Quantum, со цел наскоро да започнат да прават игри со уште поголем глобален пласман.
Покрај ова, Tencent има удел во голем број глобални компании за игри и долго време е лидер во областа на адаптација на наслови за компјутер и конзола за мобилни уреди.
Тенсент досега не ги потврди или негираше овие тврдења.