Земјоделците кои поседуваат најмалку 2 декари лозов насад ќе можат да добиваат субвенции за нивно одржување. Висината на финансиската поддршка е 12.000 денари по хектар. За предадениот род на регистриран откупувач е 48.000, а за домашни потреби или за на пазар, дополнителните директни плаќања се 28.000 денари за хектар.
Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади имаат право на 12.000 денари по хектар за сите лозја.
Услов е да имаат минимална површина од 2 декари, со најмалку 1.390 садници, подигнати до пролетта 2023 година.
Лозарите освен субвенциите за одржување на насадите имаат право и на дополнителни директни плаќања од 28, односно 48.000 денари доколку го продале винското грозје на производител на вино најдоцна до 30 април 24-та со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена не пониска од 35 денари.
Субвенцијата по двете основи се намалува со зголемување на пријавените површини.
Од 0,2 до 10 хектари субвенцијата е 100 проценти, од 10 до 30 е 60 и над 30 хектари е 30 проценти збирно за сите сорти.
Пари добиваат и регистрираните производители на сертифициран саден материјал, и тоа од 30 до 35 денари во зависност од категоријата на сертификацијата.
Пријавувањето е до 31 јули годинава.