Објавен е јавниот повик со кој членовите на Националната рурална мрежа од областа на земјоделството и руралниот развој можат да добијат финансиска поддршка за одржување на настани и активности. Средствата кои се на располагање за оваа намена изнесуваат 10 милиони денари…
Објавен е јавен повик за финансиска поддршка за реализирање на активности на Националната рурална мрежа.
Нејзини членови се органите на државната управа, стручните установи, локалната власт, земјоделските стопанства, научно-образовни институции, здруженијата, земјоделските задруги, физички и правни лица чии активности се во насока на подобрување на земјоделството и руралниот развој.
Вкупниот износ на средствата кои се на располагање со овој повик се 10 милиони денари.
Еден барател може да користи поддршка за 2 активности најмногу до 600 илјади, а минималниот износ кој може да се добие е 60 илјади денари.
Услов е барателот да биде член на мрежата, а проектите да се наменети за квалитетно спроведување и информирање за програмата и за иновации во производството на храна, шумарството и одржлив развој на руралните средини.
Пријавите се поднесуваат до Министерството за земјоделство и електронски на интернет страницата на националната рурална мрежа.
Изборот е по принципот прв дојден-прв услужен.
Повикот ќе трае до 30-ти септември.