До 31-ви октомври тече рокот за поднесување на барања за поддршка за набавка на чистокрвни раси свињи. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на враќање на средствата во висина од 50 до 75 проценти од вредноста на инвестицијата или најмногу до 10 милиони денари по корисник …

Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на педигрирани свињи од увоз или од признати организации.

Набавката треба да е направена од први октомври 2023 до 30-ти септември 2024 година, а последниот рок за поднесување на барањата е до 31-ви октомври.

Стапката за ко-финансирање се зголемува и изнесува 55 проценти за млад земјоделец, 60 за во неразвиените подрачја па до 75 проценти за вложувањата во тешко достапните рурални заедници.

Еден фармер може да поднесе само едно барање за една мерка.

Барателите треба да ги имаат платено сите долгови кон Министерството за земјоделство како и кон Јавното претпријатие за стопанисување со пасиштата и водниот надоместок.

Апликациите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.