Органските производители годинава имаат на располагање субвенции во висина од 154 милиони денари. Поголемиот дел се наменети за финансиска поддршка за органското сточарско производство како и за одредени активности во производството и во тргувањето со органската храна…

Со 154 милиони денари годинава ќе бидат субвенционирани органските производители на храна.
Најголемиот дел односно 68 милиони денари се наменети за органското сточарство, а 25 за растителното производство.
Фармерите може да добиваат субвенции за органските производи, за нивна преработка, доработка и пакување најмногу до 150.000 денари по корисник.
Со 5 отсто или до 150.000 денари се поддржува и трговија, извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.
Трошоците за стручната контрола и сертификацијата државата ги покрива со 50, а со 70 проценти, но не повеќе од 9.000 денари следуваат за анализи на својствата на почвата, откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.
Финансиската поддршка можат да ја добијат сите земјоделски стопанства кои имаат сертификат за органско производство за кофинансирање на трошоците за стручна контрола и за сертификација во висина од 50 проценти.
Методија Трајков