До 25-ти декември производителите на органска храна можат да поднесуваат барања за субвенции. Пријавувањето е електронски преку Платежната агенција, а парите се наменети за поддршка на одредени активности во производството и во трговијата во оваа прехранбена дејност…
За органските производители годинава се издвоени 104 милиони денари. Поголем дел, односно половина од субвенциите се наменети за органското сточарство. 25-ти декември е рокот до кога може да се поднесат барања за финансиска поддршка за органските производи, нивните преработки, доработка, пакување и продажба.
За преработките од домашното сточарско и растително потекло можат да се добијат субвенции во висина од 10 проценти од вредноста на производот, но не повеќе од 150.000 денари по оператор.
Корисници на парите се регистрирани се земјоделски стопанства или откупувачи на земјоделски производи.
Со 5 отсто или до 150.000 денари се поддржува и трговија или извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.
Трошоците за стручната контрола и сертификацијата, државата ги покрива со 50 проценти, а со 80 анализите на карактеристиките на почвата, односно откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи. Финансиска поддршка може да се добие и за кофинансирање на трошоците за стручната контрола и сертификација во висина од 50 проценти.