Пчеларите кои инвестирале во набавка на пчелни матици во период од 1-ви октомври 2023 до 30-ти септември 2024 година, можат да поднесат барање за субвенции. Огласот ќе трае до 31-ви октомври. Финансиската поддршка изнесува до 600 илјади денари по корисник …

До 31-ви октомври пчеларите ќе може електронски да аплицираат за финансирање на набавка на пчелни матици и роеви од одобрени одгледувалишта.

Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу до 600 илјади денари по корисник.

Барања ќе можат да поднесуваат сите оние кои набавиле матици во приодот од 1-ви октомври лани до 30-ти септември 2024 година, а право на финансиската поддршка од оваа мерка имаат земјоделците кои се запишани во регистарот на земјоделски стопанства.

Корисниците на средства треба да ги имаат платено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство и долговите кон јавното претпријатие за стопанисување со пасиштата и водниот надоместок.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и исполнувањето на другите барани услови.

Огласот ќе трае до 31-ви октомври.