Центрите за развој на планските региони можат да аплицираат за добивање на субвенции за проекти за подобрување на пристапот до обработливите површини. Максималниот износ е до 6,5 милиони денари, а крајниот рок за доставувањето на потребната документација завршува утре.
Право на учество на јавниот повик имаат центрите за развој на планските региони. Субвенциите се однесуваат на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливите површини во подрачја со интензивна земјоделска дејност.
Максималниот износ на средства е 6,5 милиони денари за трошоците за изработка на проектот. Крајниот рок на доставување на барањата за финансирање е најдоцна до утре, први февруари 2024 година.
Еден корисник до Министерството за земјоделство може да поднесе само едно барање, доколку планскиот регион има повеќе предлог-проекти, тие треба да се означат со редослед за приоритет на финансирање.
Постапката за избор со предлогот за одобрување на барањето ја врши Комисија на министерството доколку на повикот има доставено и само едно барање. Изборот ќе се врши врз основа на критериуми утврдени во програмата за капитални трансфери за невладини организации од областа на земјоделството и руралниот развој. По завршување на проектот, до Министерството, задолжително се доставува комплетен финансиски извештај, најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација на проектот
По изборот, центрите треба бидат известени по писмен пат за денот на потпишување на договорот за финансирање.