Годинава за растителното производство се обезбедени субвенции од 2,5 милијарди денари. По 6.000 денари за хектар им следуваат на земјоделците за сите полјоделски култури, а за оризот по 21.000 денари. Оние што употребуваат сертифицирано семе ќе добиваат дополнителна финансиска помош …

По 6.000 денари за хектар годинава ќе добиваат производителите кои имаат засеано и ожнеано површини со житни и индустриски култури и добиточна храна.

Услов е минималната засеана површина да изнесува 0,5, а за тутунот 0,2 хектари.

Висината на поддршката се намалува со зголемувањето на засеаните посеви.

Целосна субвенцијата се добива за насеани ниви од половина до 50 хектари, а за над 100 хектари 30 проценти од износот.

Доколку е употребен сертифициран семенски материјал, земјоделците имаат право на 13.000 денари дополнителна субвенцијата за пченица, јачмен и пченка.

Висината на дополнителните плаќања за сончоглед и маслодајна репка е 10.500, а за оризот 28.000 денари.

Производителите на пченица, јачмен, маслодајна репа и сончоглед имаат право на дополнителни 6.000, а за афионот 18.000 денари доколку производството го предадат во преработувачки капацитети.