Финансиската поддршка рибарството за 2024 година е 90 милиони денари. Најголемиот дел од парите се планира да се искористат за потребите на аквакултурата и за преработка на рибите…
Со 90 милиони денари во 2024 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи.
За порибување на Охридско Езеро со подмладок од охридска пастрмка се предвидени 3 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското езеро со крап 600 илјади денари.
За аквакултурата е предвидена финансиска поддршка од 26,7 милиони денари за 60 проценти од вложувањата, како и за порибителен материјал и инвестиции во преработувачките капацитети во висина од 50 отсто од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок.
Исплатата на парите ќе се врши по принципот на кофинансирање по реализацијата на активностите.
Вкупната вредност на исплатени финансиски средства за инвестиции во аквакултурата не може да го надмине износот од 1,5 милиони денари.
Субвенцијата може да се зголеми од 55 до 65 отсто доколку се работи за млад земјоделец, доколку носител на стопанството е жена или тоа се наоѓа во некое од неразвиените ридско планински подрачја.
Средствата предвидени со оваа програма се неповратни.