Судија во Њујорк денеска донесе одлука со која крипто валутите ги прогласи за ресурси, со што отвори пат тргувањето со овие валути да биде регулирано од страна на Комисијата за тргување со ресурси (ЦФТЦ).
Одлуката на судијата Џек Вајнстин доаѓа откако беше покрена судски спор против Петрик Мекдонел, сопственик на компанијата Коин Дроп, која беше обвинета за измама затоа што тргувала со крипто валути без да се регистрира како трговец кај ЦФТЦ. Мекдонел инсистираше дека крипто валутите не треба да се сметаат за природен ресурс, и оттаму дека ЦФТЦ нема надлежност врз неговата работа. Судијата сепак реши дека зборот ресурс има широко значење и дека самата ЦФТЦ може да определи врз кои економски гранки треба да има овластувања.
Одлуката на судот може да биде значаен чекор во идното регулирање на трговијата со крипто валути како што е биткоинот, за кои постои правна празнина и неизвесност која државна институција може да влијае врз овој пазар.