Суфицитот на тековната сметка на еврозоната падна на 35 милијарди евра во јануари од 38 милијарди евра во декември, објави денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Како што се наведува, во јануари е забележан суфицит во категоријата стоки од 35 милијарди евра, како и кај услугите од 12 милијарди евра, примарен приход од две милијарди евра, со дефицит од секундарниот доход од 14 милијарди евра.

Во 12-те месеци до јануари, еврозоната забележа вкупен суфицит од 408 милијарди евра, што претставува 2,7 отсто од нејзиниот бруто домашен производ.

Резултатот е поповолен од претходниот дванаесетмесечен период, кога беше забележан суфицит од 280 милијарди евра, што претставува 1,9 отсто од БДП на еврозоната.

Податоците за четвртиот квартал од 2024 година се очекуваат на 4 април, а извештајот за февруари ќе биде објавен на 16 април, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.