ТТК Банка го понуди Супер станбениот кредит без надоместок за одобрување во промотивен период до 31.7.2018 година и понуди исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање во рамките на двете актуелни понуди за овој производ.

Корисниците приматели на плата/пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за СУПЕР станбен кредит со ФИКСНА каматна стапка од 2,85% годишно во првите три години, односно променлива каматна стапка од 6м ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени во останатиот период.

Во рамките на втората понуда, СУПЕР станбениот кредит нуди ФИКСНА каматна стапка од 3,85% во првите пет години, односно променлива каматна стапка од 6м ЕУРИБОР + 5,85 процентни поени во останатиот период.

Покрај атрактивната фиксна каматна стапка во период до 5 години, СУПЕР станбениот кредит е достапен и со дополнителни олеснувања – без трошок за  обработка на барање за кредит, без трошок за процена, грејс период до 12 месеци, 10% сопствено учество и без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства.

Супер станбениот кредит е наменет за купување нов/стар стан, куќа од физичко или правно лице, за изградба,  доградба или надградба на станбен простор (стан или куќа), како и за рефинансирање станбен кредит од друга банка.

Повеќе информации за оваа понуда корисниците можат да најдат на интернет-страницата www.ttk.com.mk и во експозитурите и филијалите на Банката.