Со сечење на лента и со голем огномет синоќа во Битола беше отворен СН Сообраќајниот центар.На свеченоста присуствуваа голем број на гости, соработници и партнери на компанијата, како и политичари и бизнисмени од цела држава и и надвор од неа. СН Сообраќајниот центар се простира на 15 илјади метри квадратни. Во него голем број на содржини како ресторан, тобако кафетерија, автоматска перална, сопствен паркинг, оддел за осигурителен брокер, оддел за финансиско друштво како и оддел за технички преглед за регистрација на возила.
Во SN Сообраќајниот центар на едно место можете да ги добиете сите потребни услуги за вашето возило,односно регистрација на лесни и тешки моторни возила како и автоматска перална
По повод свеченото отворање СН Осигурителен Центар донираше мерна станица на платформата „Земи Здив“.Ова е 8-ма мерна станица во нашата мрежа од која ќе се прибираат податоци за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.
Во текот на денот сн сообраќајниот центар го посетија и најмладите, децата од градинките „Пролет“ и „Бонбончиња“.
На свеченото отворање гостите имаа можност да го проследат и концертот на Каролина Гочева.